Заев ги повика пратениците да донесат правилна одлука

178

Премиерот Зоран Заев денеска преку својата официјална Фејсбук страница ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста која е пред нив.

– Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки- напиша Заев.

Во Собранието на Република Македонија изминатите денови се водеше дебата околу потребата за уставни измени кои произлегуваат од Договорот во Преспа. Седницата на која Собранието треба да се изјасни за потребата за уставни измени треба да се одржи утре. Вчера, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека нивните пратеници се откажуваат од дебата во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...