Заев: Героски нема што да разговара со мене, нека пријави кај истражните органи

2148

Новинарот Бранко Героски побара средба со мене, јас не сум истражител, нема што кај мене, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, има органи каде што треба да пријави, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на која објави предог Акциски план за борба против лажните вести, а беше прашан и за пишувањата на новинарот Бранко Героски во врска со рекетарската афера и изнудата пари од бизнисмени.

– Новинарот Героски побара средба со мене, уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да пријави. Сите документи ред е да оди да ги пријави во институциите. Јас не сум истражител, нема што кај мене. Јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене. Има органи каде што треба да пријави – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...