Aко можеме вака крупни прашања да договориме, можеме да се договориме и за Законот за јавно обвинителство, порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по вечерашниот состанок во седиштето на Бихаќка со коалициските партнери.
– Никој не прашува како вработените во СЈО немаат земено плата за септември, нема кој да потпише. Сите се надеваат на овој закон или во парламентот да се усвои другиот закон за јавнообвинителска служба за да му се предаде на Јвески да потпише и да можат да земат плата. Ако не им се даде плата ќе тужат на суд, ќе нè добијат, па со адвокатски, судски и извршителски трошоци ќе си ги земат парите од државата. Да бидеме мудри, за наши граѓани се работи. Втора причина е за осигурување на предметите и трето направивме демократски исчекор, на предлог на опозицијата дадовме парламентот со консензус да може да избере обвинител за гонење на висока корупција – рече Заев изразувајќи надеж дека партиите ќе се договорат и ќе го донесат новиот Закон за јавно обвинителство.