Интервјуа со водечките македонски политичари денеска осамнаа во германскиот печат, додека Франкфуртер алгемајне цајтунг објавува и репортажа од гостувањето на премиерот Зоран Заев на дебатата во австрискиот Вахау за време на викендот, јавува Дојче Веле.
– Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјата – вели Заев за весникот „Ханделсблат“.