Во 2012 и во 2013 година, тогашниот премиер Никола Груевски се согласил нашата земја да го добие името „Горна Македонија“, но Грција одбила, бидејќи била испровоцирана од антиквизацијата и од проектот „Скопје 2014“.
Ова вечерва ексклузивно во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, повикувајќи се на прислушуваните разговори доставени до СЈО.
Заев потенцираше дека вечерва првпат ги спомнува овие прислушувани разговори кои сведочат за калкулантството и за лажниот патриотизам на Груевски и на неговите следбеници.