Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочи за прислушувањето и „бомбите“ во предметот „Таргет-Тврдина“.
Тој е повикан како сведок на обвинителството и се очекува да зборува за неговите сознанија за нелегалнто прислушување, како ги добивал материјалите итн.
Во овој судски процес, јавноста веќе имаше можност да ги слушне и сведочењата на неговиот советник и поранешен разузнавач, Зоран Верушевски, и на двајцата свиркачи од УБК, Ѓорги Лазаревски и Ѕвонско Костовски.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, а сега е во рацете на редовното, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.