Заев во Португалија на Конгресот на Партијата на европските социјалисти

96

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Португалија, во дводневна работна посета на Лисабон во рамки на која ќе учествува и на Конгресот на Партијата на европските социјалисти.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата Заев ќе има одвоени средби со премиерот на Португалија Антонио Коста и со премиерот на Шпанија Педро Санчез.

Премиерот Заев ќе оствари работна средба и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, која заедно со него ќе учествува и на панелот што ќе го модерира претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев.

За време на посетата на Лисабон премиерот Заев ќе учествува и на лидерската средба на шефови на влади и високи претставници на сестринските партии на ПЕС.

Премиерот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во Португалија ќе учествува на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој треба да биде избран заедничкиот кандидат на ПЕС за претседател на Европската комисија, чиј избор треба да се случи после изборите за Европскиот Парламент идната година, наведуваат од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...