Заев: Во кој свет Иванов живее?

3378

Не знам сѐ уште во кој свет одредени луѓе живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов, коментира премиерот Зоран Заев прашан дали има коментар за претседателот Ѓорге Иванов, кој кога беше прашан дали очекува апсење, неговиот одговор беше „ништо чудно“. Заев  забележа дека е „срамно да дава коментари за вакви работи“

– Каде во светот, власта извршна апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти или слично? Тоа е надлежност на Основното јавно обвинителство и на судството во Република Македонија. Веројатно бевме навикнати од претходната власт дека тоа е едно исто. Не е исто. Јас сум генерално против притвори, јас сум генерално за транспарентни процеси. Јас сум за помирувањето во Р.Македонија. Јас ги преземам чекорите, секако, со многу други чинители и од владејачкото мнозинство и од институциите на системот, и верувам дека во тој дух треба да продолжиме – рече Заев.

Премиер потенцира дека на сите во земјава преку глава им е поделбата на граѓаните и затоа мора, како што рече, да се сплоти општеството, но и да се обединат сите кон европската иднина на Македонија и НАТО, како заеднички стратешки определби. Но, додаде, исто така треба да се спроведат и најавените реформи, кои за граѓаните значат очекување за добар живот во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...