Вечерва во 19.30 часот пред Споменикот на рeволуцијата, на граѓаните на општина Струга ќе се обрати Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО.
Целта на средбата е да се информираат граѓаните за придобивките од членството во НАТО и Европската Унија и официјално да се назначи почетокот на кампањата за референдумот.
На Градскиот плоштад во Штип со почеток во 20 часот, ќе се одржи граѓански собир на коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ на којашто ќе се обрати премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно, со почеток во 18 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи отворена трибина на којашто ќе учествува Заев.
Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе ја посети општина Ѓорче Петров, кадешто од 19.30 часот ќе учествува на граѓанска трибина во Домот на културата – Ѓорче Петров.