Заев: Во ВМРО-ДПМНЕ сѐ е за менување, ова сега е полошо, отколку кога беше Груевски

1236
FOTO Printskrin 24 vesti

Нека следат доблесни примери, таму е сѐ за менување. Со ВМРО-ДПМНЕ јас работев кога беше Никола Груевски, а ова сега е полошо! А државата треба да има сериозна опозиција, така власта ќе биде поисполнителна. Ценете и вие, и пораките од изборите!, изјави вечерва Зоран Заев, претседател на СДСМ и премиер, коментирајќи во врска со тоа дека ВМРО-ДПМНЕ повикува функционери на СДСМ да дадат оставки, но нема оставки и во нивната партија.

Заев порача:

– Ако тргнавме од своите редови да се исправиме со големината и доблеста за наше отстапување со наше корегирање и подобрување, верувајте нема да дозволиме на било кој во државата, без разлика дали тоа е во јавната администрација, централна, локална, а прима пари од граѓаните, да не ги исполни очекувањата на граѓаните.
Никој не очекува од јавната администрација, извршната, централната парламентарната , локалната власт сто посто да реши сѐ, но очекува да им служат чесно и верно на граѓаните, рече Заев.

Тој додаде:

– Пораката ја примивме, иако сме среќни за големата победа на изборот Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, но секако, граѓаните ни испратија кристално јасна порака – останаа дома, еден дел од нив затоа што не се доволно мотивирани за да излезат на претседателски избори тоа е традиционално така, но еден дел за да ја испратат пораката – корегирајте се ако сакате понатаму поддршка – рече Заев.

ФОТО: Принтскрин „24 Вести“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...