Заев: Водиме пред ВМРО-ДПМНЕ, но ќе нарачаме нова анкета да видиме како е по одлуката од ЕУ

2807

СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ води со три отсто во анкетите и тоа го објавивме јавно со транспарентни постапки направено и од страна на кредибилни агенции, вели премиерот Зоран Заев прашан дали инсистираше на брзи избори затоа што паѓа рејтингот на владејачката партија.

– Крајот на октомври или почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета за да ги измериме рејтинзите сега после одлуката, да видиме како стоиме – изјави Заев.

Тој вечерва по лидерската се упати во партиското седиште на Бихаќка, каде имаше средба со коалиционите партнери. Со нив, рече Заев, изградиле консензус и го поддржале датумот 12 април 2020 за предвремени избори, иако исто како и на лидерската, имало различни мислења.

На состанокот со коалицијата, посочи лидерот на СДСМ, биле договорени чекорите за воспоставување на постулатите на коалицијата преку нови изборни ветувања до граѓаните.

– Програмата ќе биде создадена целиот овој период, но исто така и реализација на она што досега не е реализирано бидејќи има доволен период да биде реализирано во претстојниот период – изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...