Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе предизвика ново „вето“ ако го поништи Преспанскиот договор

Премиерот вели дека е невозможно Мицкоски да дојде на власт, ама дека треба чесно да им каже на граѓаните што ќе значи евентуално поништување на договорите со Грција и со Бугарија

737

Ако Мицкоски дојде на власт ќе ги поништи договорите со Грција и со Бугарија, но не е возможно тој да дојде на власт, коментираше денеска премиерот Зоран Заев, во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ако неговата партија обезбеди 80 пратеници ќе пристапи кон враќање на старото уставно име.

-Ова не се работи за кои што треба да се шегуваме. Колку што беше тешко и беше  неопходна храброст да се донесат сите тие одлуки, со иста тежина, храброст, одлучност и одговорност треба да се пристапува  и кон иднината на овие прашањ -рече Заев.

Додаде дека не се сомнева оти ВМРО – ДПМНЕ ако дојде на власт ќе направат се за да го поништат Договорот, но истовремено чесно треба да им кажат на граѓаните дека тоа ќе не врати надвор од ЕУ и од НАТО, дека ќе не скара повторно со соседите и ќе има рефлексии врз економијата и врз целиот регион. Тоа, како што нагласи премиерот, значи нова горчина преку ново вето, кое веднаш ќе ни се испорача и ќе бидеме повторно блокирани и ќе чекаме 15 години како кандидати за повторно некој да дојде и да ги врати работите во нормала.

Посочи дека треба да кажат тоа што го најавуваат што ќе предизвика и како ќе гарантираат членство во НАТО и во ЕУ со вакви ставови.

– Се работи за граѓаните и за нашата држава. Ние ги исполнивме двете стратешки цели. Еве сме членка во НАТО, а  верувам брзо и ќе почнеме преговори со ЕУ – рече премиерот.

Овие наши стратешки цели, како што истакна, носат економија, инвестиции и градат пријателство.

-Пријателството што го изградивме верувам дека меѓу другото придонеле многу  компании да инвестираат. По Договорот со Бугарија имаме неколку инвестиции од бугарски компании во металуршката, рударската, преработувачката -сите тие се со таргет на отворање на повеќе од 3.000 места и затоа е многу важно да бидеме сериозни во политиката -истакна Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...