Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Куманово порача дека ВМРО-ДПМНЕ „мало сутра“ ќе се врати на власт.
– Ги слушам како се прават поголеми патриоти и националисти, бааги големите вмровци. Дали знаете дека Никола Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, Христијан Мицкоски доаѓа од Социјалистичката Партија, а Гордана Силјановска била во владата на СДСМ, раководството сега на ВМРО-ДПМНЕ е од Народна партија. Биле они тоа тврдокорни вмровци, само власт ги интересира, ништо друго. Спремни се и државата да ја пуштат низ вода само да се вратат на власт ама мало сутра. Веќе назад нема, нема враќање затоа што избравме вистински пат и од него откажување нема – рече Заев.
Тој го спомена и познатиот кумановски мезалк за кој рече дека има разни намирници кои се надополнуваат, а таква е и нашата земја обединета во различности, со убави културолошки посебности, но сите се надополнуваме.
– Тоа е нашето богаство – рече Заев.