Заев викендов ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за јавното обвинителство

257

Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека сѐ е вредно за размислување.

– Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија поради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот Самит – рече Заев.

Тој забележа дека сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО.

– Важно е да се обезбеди иднина на предметите и на СЈО, да не се влијае од страна на политичарите на правниот систем – вели Заев.

Заев потенцираше дека судбината на СЈО и водењето на грижа за правда во нашата земја е највисокиот приоритет на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...