Заев: Викендов партиите размислуваат за понудите за влез во Влада

328

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека викендов партиите со кои е разговарано размислуваат за понудите за влез во Владата.

– Реконструкцијата на Владата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите со коишто разговаравме. Викендот ќе се искористи веројатно од сите партии со коишто разговарав, и кај нас, исто така во СДСМ, но и во коалицијата да размислуваме. Ако отприлка кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со  одлуката за  Влада,  мислам на министри и заменици,  а после тоа ќе продолжиме да разговараме за директори, заменици директори и слично – рече Заев во изјава за медиумите за време на посетата на Дојран.

На процесот, како што кажа Заев, гледаме како на процес за преземање одговорност.

Премиерот Заев денеска во Дојран се вклучи во акцијата на ЗЕЛС за чистење и уредување на општините.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...