Заев вечерва на „Фејсбук“: Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои ги постигнавме, од оваа неизвесност ќе излеземе посилни и поискусни

2190

Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни, порача вечерва премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

„Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме

Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни.

Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин.

Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото“, напиша Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...