Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.
Премиерот Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани пред Домот на култура во Струга, со почеток од 17.30 часот.
Заев ќе се обрати и на голем граѓански собир на плоштадот во Охрид, со почеток од 20.15 часот.
Претходно, во 18.30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговара со граѓаните на Берово.
Во 14 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе има изјава за медиумите пред новиот дневен центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Од 14.30 министерката ќе биде со граѓаните на Делчево.
Од 13.30 часот, министерот за траснпорт и врски Горан Сугарески ќе биде со граѓаните на Штип.
Исто така, од 17 часот заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлевски ќе се дружи со граѓаните на Ново Село, а од 13.30 часот заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓани во населените места низ општина Чашка.