Заев верува дека новата методологија за проширување ќе има фер пристап, Вархеји бара нов закон за обвинителство

253

Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и уверени сме дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата, рекол претседателот на СДСМ Зоран Заев на средбата со  делегацијата на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.

– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните – истакна Заев.

Тој се осврнал и на новата методологија за проширување на ЕУ, изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.

– Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион – посочи претседателот Заев.

Еврокомесарот Вархеји истакнал дека новата методологија за проширување се подготвува и дека наскоро ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата. Вархеји посочи дека е важно државата да продолжи на европскиот курс, да продолжи со реформите, а особено значајно е носењето на новиот закон за Јавно обвинителство со што Северна Македонија уште еднаш ќе покаже дека е посветена на реформите важни за напредокот кон ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...