Премиерот Зоран Заев синоќа, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение -Велигден, во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.
– Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници кои овие денови го празнуваат Велигден. Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со кои се соочуваме сите ние граѓаните. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување и секако ја користам приликата да им го честитам на сите христијански верници Христовото воскресение, како најголем празник којшто го славиме Христијаните – рече премиерот Заев честитајќи го празникот на сите верници.
ФОТО: МИА