Заев: Веднаш да почне проверка на имотот на судиите и обвинителите

452

Да  расчистиме со последниот бастион на заробената држава, проверката на имотот на судиите и обвинителите да почне веднаш, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната последна трибина од караванот „На прав пат“.

Тој ги повика Антикорупциска, УЈП, Финансиската полиција, Централниот регистар, МВР одма да почнат со проверките на имотот, капиталот, парите на судиите и обвинителите и нивните семејства.

– И Судскиот Совет да ја провери работатта на судиите и целосно да ја провери професионалнота и ажурноста на работите на судиите. Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Кој тоа ги држи предметите во фиоки. Да ни каже зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховнот суд – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...