Заев – Брајовиќ: Црногорското собрание ќе биде меѓу првите што ќе го потпише Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО  

131

Премиерот Зоран Заев, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, кој е во официјална посета на нашата земја.

– Црна Гора, нејзините политички лидери и народот на земјата беа и останаа постојано со нас, со поддршка за процесите на затворање на последните отворени прашања со соседите, што ги отпочнавме заради откочување на евро-атлантските аспирации на нашата земја. Убедени сме дека Црна Гора и понатаму ќе биде наш пријател и сојузник во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО, и земја партнер од која ќе се инспирираме од нивното искуство од преговорите со ЕУ – рече премиерот Заев на средбата, и додаде дека и двете земји остануваат посветени на продлабочување на билатералните односи пред кои стои широк спектар на можности, особено во делот на економијата.

Брајовиќ истакна дека неговата земја и народот се радуваат на успесите и напредокот на Република Македонија и нагласи дека собранието што го претставува ќе биде меѓу првите што ќе го потпише Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО.

Двајцата соговорници, премиерот Заев и претседателот на црногорското собрание Брајовиќ се согласија дека и двете земји остануваат доследни на својата посветеност да ги поддржат позитивните процеси во регионот за да се затворат на задоволство на сите преостанати отворени прашања меѓу одделни соседи на Западен Балкан, и на Европа и на светот да му понудат регион подготвен да биде прифатен во европските и атлантските интеграции.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...