Заев: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не се од СДСМ

318

Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека бомбите не се излезени од СДСМ.

Посочи дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.

– Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува – изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...