Премиерот Зоран Заев кој денеска престојува во Виена даде изјава за случајот со пратеникот Павле Богоевски и повика истрагата да се заврши, а остава пратеникот сам да донесе одлука дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи да биде народен избраник.
Заев вели дека немал можност да разговара со Богоевски.
– Тој направил обид да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но тој сам се пријави и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него – изјави премиерот Заев.