Заев: Без оглед на бојкотот, очекувам огромно мнозинство „За“ (ВИДЕО)

Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат демократската одлука ќе се оди на предвремени парламентарни избори веднаш.

1052

Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од семејството на европски држави и народи. Успехот е заеднички на сите без разлика на организираниот бојкот од страна на ВМРО -ДПМНЕ. Очекувам дека огромното мнозинство од граѓаните се изјаснија „За“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

– Сега гласањето на граѓаните треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако имаме видливо огромно мнозинство „За“ тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во Собранието треба да биде глас за да ги забрзаме процесите во НАТО. Очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука. Во спротивно ќе треба да употребиме друга демократска алатка а тоа значи предвремени парламентарни избори веднаш. Јас ќе продолжам да ја водам нашата земја напред и Македонија ќе биде членка на НАТО и на ЕУ – изјави вечерва Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...