Заев: Ајде гукни Мицкоски дека се срамиш од Груевски, ама ти се тресат ногавиците да не му згрешиш на пастирот

898

Уште неколку дена ќе заврши кампањата, ама збор не слушнавме од Мицкоски и Силјановска за 11 годишното владеење на неговиот даскал Груевски, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешниот митинг во Скопје,

– Го повикувам да каже каква беше правдата, каква беше слободата на говорот, имаше ли криминал, имаше ли терор и закани и притистоци врз граѓаните, се партизираше ли целата држава, се иницираа ли конфликти за политички цели, се договараше ли промена на името на државата, имаше ли демократија? Ајде нека се одважи за атер на образот за кој вели дека му бил чист. Ако е доблесен ќе рече се срамам од владеењето на мојот претходник и ако сака нека додаде: ова е новото ВМРО-ДПМНЕ. Ајде Мицкоски состави една реченица и кажи ја јасно и гласно ајде гукни да те видам, ајде зуцни да те чујам. Не смееш бре човеку, ти се тресат ногавиците да не му згрешиш на пастирот. Не само што идентитето е забетонирам, туку во бетонот има и арматура каква што ти Мицкоски не можеш да ја замислиш – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...