Ако навивачката група „Шверцери“ не ја плати штетата од 4.000 евра, тогаш ќе ја плати директорката на МНТ, рече премиерот Зоран Заев на доплнително пратеничко прашање за казната за директорката по неодамнешното дивеење на „Шверцерите“ при прослвата на 30-годишниот јубилеј од постоењето во театарот.
Заев повтори дека во согласност со одлуката, министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, бидејќи таа имала само усна комукација со организаторите на настанот. Директорката на МНТ ќе биде казнета со намалување на плататата за 15 отсто во траење од три месеци.
Имаме две штети едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азбука, рече Заев.
Премиерот потсети дека потпретседателот на Влада и министер за политички систем и односи меѓу зедниците го има организирано настанот и тој настан завршува некаде околу 20:30 часот, додека другиот, потенцира, се случува во 21.
– Нема договор. Значи да биде чисто нема договор за таа работа во 21, направен е усмен договор затоа што немало и време кога да се направи. Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност, изјави од собраниската говорница претседателот на Владата
Посочувајќи дека постои правилник за наградување и санкционирање, Заев информира дека согласно тоа, дале укажување да има дисциплинска постапка.
– И затоа мора да има штета односно треба да има дисциплинска постапка со што ќе се извлече поуката да не се повтори повеќе. По правилникот ќе се оцени по таа дисциплинска постапка казна ли е, бркање од работа, не знам, разрешување на директор ли е. Службите ми кажаа дека е казна од плата и слично – рече тој.
Осврнувајќи се на тоа дека за овој случај Владата формираше работна група, премиерот Заев информира дека веќе е доставен извештај, реферирано е пред Владата, а денеска се реферира пред Парламентот.
– Мене ми е тоа јасно, така да надоместокот на материјалната штета ќе биде надоместок, со тие пари ќе се поправи се што е направено, а духовната последица или етичката последица ќе си биде санкционирана соодветно согласно правилникот за казнување или наградување – рече премиерот Зоран Заев.