Заев: Ако нема датум ќе го казнат најпозитивниот пример во Европа

Тој посочи дека земјава е добар пример на решавање на проблемите и реализирање на реформите и пример кој ја подобрува атрактивноста на Европската унија и е пример за другите региони.

291

Фокусирани сме кон овој период очекуваме дека навистина ќе добиеме датум за преговори, изјави премиерот Зоран Заев на панел дискусијата на Самитот на „Економист“ кој се одржува во Скопје, запрашан за мислење околу почетокот на преговорите на земјава со ЕУ.

– Прво ни ветија дека, ако ние го исполниме она што го бараат од нас ќе не примат. И второ, ако не одлучат позитивно ќе го казнат најдобриот пример во Европа. Ние ги остваривме нашите ветувања и ги решивме проблемите со соседите, а внатре имаме функционални институции и соработка со опозицијата, ги реализираме и реформите. Ние не бараме многу очекуваме да ни се даде можност – рече Заев.

Тој посочи дека земјава е добар пример на решавање на проблемите и реализирање на реформите и пример кој ја подобрува атрактивноста на Европската унија и е пример за другите региони.

– Она што најмалку може да направи ЕУ е да нѐ поттикне – рече Заев.

Тој потсети дека на датум за преговори земјава чека 15 години и декс на тој пат има поддршка од соседите кои се членки на ЕУ, а кои деновиве на Генералното собрание на Обидинетите нации дадоа поддршка на земјава.

 

.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...