Заев: Ако имаа докази ќе ме осудеа уште во 2014 година

Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше.

647

Ова е една од алатките за атакување на опозиционерот Зоран Заев. изјави, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по пишувањето на италијанскиот весник Ла верита кој го обвини за купување на гласови за време на изборите во 2014 година,

– Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение – изјави Заев.

На пишувањето на Ла верита реагираше и СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи. Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.
Наводите дека Зоран Заев бил  вмешан  во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ  не го процесирало, туку напротив не превзело ништо. Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски“, напиша во реакцијата СДСМ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...