Заев: Ако газдите ги зголемат платите до 100 евра, државата ќе ги плаќа придонесите

2506

Просечната плата за две години е зголемена за 2.000 денари. Сега ја отвораме и новата мерка, планот е од 1 ноември да почнеме со реализација на мерката на субвенционирање на придонесите од покачени плати. Законот е готов, разговараме со сите засегнати страни, ги мериме сите вредности и ќе овозможиме на секој газда и менаџер што за нашиот народ, од која било дејност, за вкупно 758.000 вработени граѓани во оваа наша земја, ако ја зголемат платата до 100 евра продонесите ќе ги платиме ние од државата и пензиско и здравствено ние ќе ги платиме. Само да растат платите во државата, истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат” во Штип.

Тој нагласи дека земјата конечно дочека да стане модерна држава, идна членка на НАТО и ЕУ во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните.

– Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ – додаде Заев.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...