Заеви во посета на  штитениците во Банско ВИДЕО

511

ПремиеротЗоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.

Низ разговорот, информираат од владината прес-служба, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од инстиуциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредување на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...