Зад кулисите на Евровизија: Влезницата за финалето чини 1.000 евра, сендвич 20 евра

Овогодинашната Евовизија организирана во Тел Авив е една од најскапите досега.

923
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Втората полуфинална вечер на Евровизија ќе се одржи вечерва во Тел Авив, каде на публиката ќе ѝ се претстават 17 земји. Од нив ќе поминат 10 во големото финале кое ќе се одржи в сабота.

На финалната вечер на Евросонгот 10 земји од првата и 10 земји од втората полуфинална вечер ќе се борат за првото место.

Инаку, овогодинашната Евовизија организирана во Тел Авив е една од најскапите досега. Како што дознава српски „Блиц“, само влезницата за финалето на Евровизијата в сабота чини 1.000 евра, а ниту другите работи кои треба да се набават не се нималку евтини.

За еден оброк кој ќе го изедете, сок и сендвич, треба да издвоите 30 евра, бидејќи сокот чини околу 10 евра, а сендвичот 20.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...