Вкупно 35 „бомби“ се пуштаат во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за предметот „Тортура“, поврзан со апсењето на Љубе Бошковски на 6 јуни 2011.
Јавноста, по барање на СЈО, е исклучена од овој дел од судењето поради можната повреда на приватноста.
Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.