Загуби еден милион евра: Милан го продава ресторанот што го купи за Северина

Поповиќ во 2012 година, кога му се родил синот Александар, купил ресторан за да, според пишувањето на медиумите, ја изненади тогашната партнерка, Северина.

1914

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, или „кралот на бакарот“, како што популарно го нарекуваат поранешниот партнер на хрватската пејачка Северина Којиќ, решил да се повлече од приватниот бизнис со којшто се занимавал речиси седум години.

Имено, Поповиќ во 2012 година, кога му се родил синот Александар, купил ресторан за да, според пишувањето на медиумите, ја изненади тогашната партнерка, Северина. Со оглед на тоа дека бизнисот му пропаднал, решил да го продаде.

Според зборовите на изворот, работа во последните неколку години имало сè помалку, ресторанот главно го посетувале постојани гости.

– Ресторанот во срцето на Врачар беше негова оаза на мирот. Имајќи предвид дека тоа се наоѓа само 100 метри од станот во луксузната зграда во која живее, Милан обожаваше тука да седне со пријателите, да испие кафе, да појадува… Вработените го почитуваа затоа што секогаш кон нив беше добар, па од самиот почеток тука работеше главно истата екипа на персонал – рекол изворот.

– Бидејќи работа имаше сè помалку, а трошоците беа големи, Милан реши да го продаде ресторанот, што воопшто не беше лесно, бидејќи се шпекулираше дека во 2012 година го купил за милион евра. Сепак, најде купувач, а на работниците им исплати отпремнина – рекол изворот и тврди дека Милан ветил дека поранешните работници ќе ги предложи за вработување кај новиот сопственик на ресторанот.

Милан Поповиќ не се огласил по овој повод, за да се провери точноста на информациите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...