Загуба од 11 милијарди долари поради блокада на Владата на САД

123
ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Бруто домашниот производ на САД за декември е покус за 0,1 отсто или три милијарди долари, како последица на делумната блокада на Владата, додека за јануари оваа сума изнесува осум милијарди долари, пресметаа експерти од Управата за буџет на американскиот Конгрес.

Како што дознава Си-Ен-Би-Си, најголем дел од тие 11 милијарди долари ќе може да се компензираат со деблокадата на работата на Владата, додека неповратната загуба изнесува околу три милијарди долари.

Главниот удар го претрпија федералните службеници поради задоцнетите плати, но и приватните фирми ангажирани од федералните агенции, се вели во извештајот на управата.

Покрај тоа, се предвидува дека новите увозни царини воведени од администрацијата на Доналд Трамп ќе ги чинат САД 0,1 отсто од годишниот БДП во текот на следните десет години.

Агенцијата „Стандард анд Пур“ ги оцени загубите на економијата на САД од блокадата на шест милијарди долари.

Во историјата на САД никогаш досега не се случила блокада на федералната влада со должина од 35 денови.

Причината за блокадата беше финансиска криза поради одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да го потпише буџетот се додека не бидат усогласени мерки за изградба на ѕид на границата со Мексико, кој чини 5.7 милијарди долари.

Демократите во Конгресот одбија да ги усогласат овие мерки. Сепак, претседателот отстапи и во петокот го потпиша привремениот буџет, со што Владата беше одблокирана. Буџетот за финансирање на Владата истекува на 15 февруари.

ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...