На Твитер се појави снимка на која загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ кугла – или се обидува да кугла.
Бандиќ пробувал да ја погоди големата кутија за цигари која ја заземала речиси целата патека, но никако не му одело. Кутијата има смисла кога ќе дознаете дека сето ова се одвивало на традиционалниот турнир против зависност „Со кугла против пушењето цигари“ во кугланата во Загреб, пишува „Јутарњи.хр“.
Првото промашување, тој го проследил со насмевка, исто така и второто, но кога третиот пат замавнал со куглата, било јасно колку неуспехот го нервира. Имено, градоначалникот при замавот изгубил рамнотежа и паднал на подот, а по станувањето, тој со насмевка се свртел кон публиката бидејќи конечно ја погодил кутијата.
Инаку, Милан Бандиќ објавил галерија со фотографии од овој настан на својот Фејсбук профил, а на една фотографија се гледа моментот пред тој да падне.
Gledam ovo već pola sata i ne vjerujem vlastitim očima.. pic.twitter.com/ROd6BqlB7e
— wiplash♋️🥁🥃 (@prowler12) April 17, 2019