Заговор, вишок на страсти и преголема љубов за сопствениот задник

Работата е толку патолошка и болна, а прилично предвидлива: не е Македонија виновна за „случајот Груевски“, туку едноставно во таква состојба е оставена, како земја со слаба демократска практика, урнисани институции и слаб капацитет на границите.

1391

Случајот Груевски поприми прилично бизарни шпекулации, како да станува збор за „масонски заговор“, опасни заблуди се во оптег за нашите „кревки“ граѓани. Синдромот на заговор стар е колку што е стар и човечкиот род, а неговата филозофија на фантастичен начин ја изложи Карл Попер во еден есеј за општествената теорија на конспирации што се наоѓа во книгата „Претпоставки и деконструкции“. Споменатата теорија, попримитивна од многу форми на теизам, налик на онаа што може да ја видите кај Хомер. Хомер моќта ја прикажа на следниот начин: сѐ што се случувало на полјаните пред Троја, всушност е само одраз од многубројните сплетки смислени на Олимп.

Општествената конструкција е еден вид таков теизам, односно верба во божества чии хирови и желби управуваат со сите работи. Психологијата на сплетки произлегува од фактот дека многу работи во јавноста не нè задоволуваат, а често не ни се по волја затоа што нивното прифаќање би можело да ни наштети.

 Лагите на Вучиќ

Може ли малку попросто, море, Јовановиќ? Може, се разбира. Да одиме со елементарните факти: во неделата на 11 ноември 2018 година, Никола Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија стигнува во Будимпешта. Зошто? Бегајќи од двегодишната казна затвор на која правосилно е осуден. Во понеделникот на 12 ноември, попладнето, македонската полиција објавува потерница. На 13 ноември, Груевски преку својот фејсбук-налог ни јавува дека се наоѓа во Будимпешта и бара азил бидејќи во Македонија, како што самиот вели, му се заканува смрт. Оттука почнуваат теориите на заговор (и шпекулирања). На 14 ноември излегуваат информации дека во Унгарија влегува преку Србија. Два дена подоцна, по сите конспирации и шпекулации, на 16 ноември стануваат излишни: полицијата на Црна Гора дава точно време кога Груевски ја преминува границата на Црна Гора од Албанија, и неколку часови подоцна оди од Србија во Унгарија.

На 19 ноември, за ТВ Хепи Александар Вучиќ вели: „Груевски на 11 ноември ја напушта Македонија идентификувајќи се со лична карта, го придружуваат двајца унгарски државјани, кои влегуваат на територијата на Албанија, оттаму преку граничниот премин Божај преминува во Црна Гора. Потоа на 12 ноември нешто пред 22.30 часот преку граничниот премин Гостун со лична карта влегува во Србија, оттаму, пак, преку граничниот премин Хоргош се легитимира со лична карта и пропусница што ја добива во Албанија“. И уште вели: „Дури на 13 ноември во 19.35 часот, од страна на Интерпол Скопје ни се доставува меѓународна потерница. Што очекувате, да апсиме луѓе за кои не е распишана меѓународна потерница“, завршува Вучиќ. Да заклучиме: Груевски, како што вели извештајот на црногорската полиција, од Црна Гора во Србија преминува на 11 ноември вечерта.

Нема да го ловам Вучиќ во неговите лаги, тоа е премногу лесна работа. Важно е да се каже дека сомнителната интерпретација во извесна смисла власта ја ослободува од одговорност, затоа што ни укажува (преку примерот на Александар Вучиќ) дека она кое ни создава грижа секогаш се крие некоја тајна, а прикривањето на тајната претставува заговор против нас.

Верувањето на заговор е слично со верувањето дека може да се дојде до чудесен лек, со тоа што, во овој случај, може да се објасни необјаснивата случајност, а не некоја закана (да го цитирам Попер, „секогаш почнува со сплетките на божествата и врховните арбитри“). Георг Симел, пак, во својот познат есеј за тајните, тврди дека „тајната што личноста ја знае и овозможува привилегирана позиција“. Таа (читај, тајната!), во суштина не зависи од својата содржина, ама секако е многу силна бидејќи некој ја има нејзината ексклузива. Па така, пред непознатото се јавуваат две работи, природниот нагон кон идеализација и човечкиот вроден страв, овие две состојби почнуваат да соработуваат како би оствариле иста цел: да го засилат непознатото со помош на замислување и спрема нему да се однесуваат со поинаков интензитет кога се во прашање очигледни работи. Парадоксална последица: зад секој лажен заговор можеби се крие заговор што ја измислил оној чиј интерес е да ни ја претстави како вистина.

Анусна кауза

Но, да се вратиме на темата и бегството на Груевски. Како и сите „вистини“ на Александар Вучиќ, неговите тврдења на српската „ТВ Хепи“ само ги поттикнуваат шпекулациите. На пример, што би можело да биде тоа „пасаван“ (или таа фамозна пропусница што Груевски ја добива во Албанија)? Сите знаеме дека пасошот на Груевски е одземен во почетокот на јули 2017 година, каква е, пак, сега, таа пропусница што Груевски ја добива за да може од Србија да премине во Унгарија знаејќи дека (покрај пасошот што го нема) личната карта за таков влез не е доволна. Понатаму, ако црногорската полиција може, за волја на вистината со неколку денови задоцнување, да пружи точни информации каде и кога Груевски ја преминува црногорската граница, зошто српската полиција молчи неколку дена, а наместо таа, со очигледно лоши информации излегува Вучиќ лично на српската телевизијата „Хепи“?

На крајот, да ги видиме оние сродни импликации или оставини на два исти света, Груевски-Орбан. За разлика oд обичните смртници кои во Унгарија ги дочекува бодликава жица и протерување бегалци, Орбановиот режим „бегалецот“ Груевски го пречекува со широко отворени раце. Какво е тоа пријателство и од која и каква Македонија Груевски заминува во Унгарија? Од држава во која со години владееше медиумски линч, а за таквите држави не може да кажеме дека се „демократски“, туку станува збор за авторитарно-популистички во кои доминираше националистичко перење мозоци. Работата е толку патолошка и болна, а прилично предвидлива: не е Македонија виновна за „случајот Груевски“, туку едноставно во таква состојба е оставена, како земја со слаба демократска практика, урнисани институции и слаб капацитет на границите.

Да завршиме: остана Груевски во Унгарија со својот „пастор“, фино се раскомотени во својата сигурна куќа, а до кога ќе биде така, па веројатно до следниот потрес за спас на… Упс, за малку ќе речев „за спас на својата анусна кауза“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...