Четириесет и седумгодишниот Владимир Булат од Белград загинал денес во пад на авион Злин 526Ф, кој поради засега непознати причини, се срушил близу до аеродромот Ечка.
– Пилотот очигледно изгубил контрола за време на летот над аеродромот и дошло до пад – рекол директорот на Центарот за истражување несреќи во сообраќајот, Небојша Петровиќ.
Булат бил искусен пилот на акробатски летови.
Завршил Воздухопловна академија во Белград, каде и живеел. Бил претседател на Аероклуб Зрењанин.
ФОТО: Фејсбук