Осумнаесетгодишно момче ноќеска почина во прилепската болница по сообраќајната несреќа што се случила на патот од село Ропотово во Лажани.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 22:40 часот на патот с.Ропотово-с.Лажани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Е. Ј. (18) од село Саждево-Крушево излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот М. М. (16) од село Саждево при што се префрлени во Градската општа болница во Прилеп, во 2:10 часот Е.Ј починал.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.