Наталија Филева, четвртата најбогата жена во Русија, загина во авионска несреќа, пренесува „zerohedge“.
Нејзиниот приватен авион се урнал во Германија, а покрај неа, животот го изгубиле и пилотот и уште еден патник, чиј идентитет не е познат.
Некои медиуми пренесуваат оти со Филева патувал и нејзиниот татко.
Нејзиното богатство, според магазинот Форбс, изнесува 600 милиони американски долари.
Се истражува која е причината за несреќата.
ФОТО: zerohedge