На автопатот од Скопје кон Велес, вчера околу 13 часот веднаш по првиот тунел се случила сообраќајна незгода во која Н.Т.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија.
Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Н.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот