Загина работник, поправал багер во село Беловиште

158

Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица починал откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.

Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14,10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско.

Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...