Планинар (69) загина при пад во провалија во областа Острица во Словенија. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, додека планинарот се движел по планината во еден момент се лизнал и почнал да паѓа кон провалија длабока 50 метри. Друг планинар се обидел да му помогне, но неуспешно.
Планинарот паднал во провалијата и поради тешките поврди набрзо починал. Телото било извлечено од страна на полицајците од Целје, со помош на армијата.
Властите ги предупредуваат планинарите да бидат внимателни, бидејќи само минатата година во Словенија животот го загубиле 41 планинар.