Околу 20.20 часот вчера на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје патничко возило „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управувано од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрило во пешакот И.К. (55) од Скопје.
Од ударот, И.К. се здобил со тешки телесни и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде по кратко време починал.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.