Загина жена а над 60 лица се повредени во автобуска несреќа во Германија

437
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.

– Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица – изјави портпаролот на локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.

ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...