Загина едно лице, повредени десетици во пожар во болница во Дизелдорф

72

Еден човек загина и десетици се повредени во пожар во болница во Дизелдорф, јави ДПА.

Од повредените седуммина се во животна опасност. Шеесети и еден човек се пожалиле на болки поради вдушување чад. Причиата за пожарот засега е непозната. Не се знае ниту дали загинатиот е пациент.

Пожарот почнал да се шири од болничката соба во која било најдено неговото тело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...