Загина девојка, а над 40 лица се повредени во судирите во Венецуела

208
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Една девојка загина и 46 лица се повредени во Каракас каде опозицискиот лидер Хуан Гуаидо повика на генерален штрајк во обид да биде симнат од власт претседателот Никоас Мадуро.

Мадуро зад себе се уште ги има како поддршка армијата и ветува казни за „предавниците“ одговорни за неуспешниот преврат.

Венецуелски невладини организации потврдија дека 27-годишната Јурубит Раусео во средата навечер во болница им подлегнала на повреди здобиени од куршум во главата. Во судирите меѓу демонстранти од опозицијата и безбедносни сили, беа повредени 46 лица од кои двајца од огнено оружје.

– Од утре одиме во штрајк и постапно до генерален штрајк – нагласи синоќа Хуан Гуаидо, кој поголемиот број западни земји го признаваат како привремен претседател на Венецуела,  додавајќи дека ќе продолжат „се додека не се постигне слобода“.

Гуаидо во вторникот повика за соборување од власт на Мадуро, но обидот не успеа бидејќи главните команданти во армијата останаа лојални на претседателот социјалист.

ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...