Загина градежник на Градскиот стадион во Битола

573

Градежен работник загина во несреќа додека работел на Градскиот стадион во Битола. Станува збор за 58-годишен маж од селото Црнобуки.

Околу 11.45 часот, вчера тој паднал од скеле на бетонска подлога, веднаш со Брза помош бил пренесен во битолската Клиничка болница. Му биле констатирани тешки повреди а вечерта околу 19.30 починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...