Загина возач во сообраќајка на патот Битола – Ресен

331

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен, кај место викано „Чешми“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од село Дрмени, Ресенско.

На местото на несреќата починал Љ.П., а со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од село Дрмени, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на несреќата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...