Загинатата жена е од Кочани, а мажот од Бучин

771

Идентификувани се две од трите лица кои загинаа во автобуската несреќа кај Лесковац. Министерството за надвореши работи добило потврда дека станува збор за 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К.

На двете лица идентитетот им бил утврден од личните документи. За третата жртва сѐуште нема потврда на нејзиниот идентитет, бидејќи не биле пронајдени документи.  .

Тешката сообраќајна несреќата се случи ноќеска во 1 часот и 40 минути кога автобус на струшката компанија Еуробус, кој патувал од Битола за Виена излетал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Во животна опасност се наоѓаат уште 4 лица кои се пренесени во Клиничката болница во Ниш, а полесно се повредени 23 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...