Загинал 26-годишник откако со „БМВ“ излетал од автопатот Гостивар – Тетово

706
Фото: МВР

Загинал 26-годишник откако со „БМВ“ излетал од автопатот Гостивар – Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 22.40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј. од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот – велат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...